• вторник, 14 мај 2024

Најмалку едно лице загина во престрелка во џамија во Либан

Најмалку едно лице загина во престрелка во џамија во Либан

Бејрут, 7 јули 2023 (МИА) – Во престрелка во џамија во либанскиот град Бар Елиас едно лице загина, а петмина се повредени, соопштија либанските безбедносни сили.

Според либанските медиуми престрелката била помеѓу либанските војници и осомничено лице за напад во џамијата, кој е повреден.

Додека според непотврдени информации, убиениот маж и петтемина повредени се сириски државјани.

Градот Бар Елиас е дом на многу Сиријци кои избегаа од конфликтот во нивната земја. Во Либан има повеќе од еден милион сириски бегалци. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан