• четврток, 04 декември 2025

Најмалку едно лице загина во напад со автомобил во Франција

Најмалку едно лице загина во напад со автомобил во Франција

Евре, 30 август 2025 (МИА) – Најмалку едно лице загина, а петмина асе повредени откако автомобил ноќеска намерно удрил во група луѓе во францускиот град Евре, соопшти градоначалникот на градот, Ги Лефран на социјалните мрежи.

Автомобилот удрил во група луѓе пред еден бар во Евре околу 4 часот наутро, кога дошло до расправија меѓу неколку посетители на барот, пренесува телевизијата BFM.

Обезбедувањето потоа одлучило да исфрли надвор околу стотина луѓе кои биле во објектот, по што се претпоставува дека едно лице отишло по возило и намерно со голема брзина влетало во толпата луѓе пред објектот.

Сите повредени се хоспитализирани во Универзитетската болница во Евре, а поради инцидентот приведени се три лица.

Според изјава на локалните власти, покрената е истрага за убиство и обид за убиство, а исклучен е каков било „терористички или расистички“ мотив. јт/

Остани поврзан