Најмалку девет луѓе загинаа при пожар во Карачи
- Во пожарот што утрово избувна во трговски центар во Карачи загинаа најмалку девет луѓе, соопштија пакистанските власти
Исламабад, 25 ноември 2023 (МИА) – Во пожарот што утрово избувна во трговски центар во Карачи загинаа најмалку девет луѓе, соопштија пакистанските власти.
Пожарот изби во повеќе катниот трговски центар РЈ во најнаселениот пакистански град.
Противпожарните служби спасија околу 50 луѓе, но многу од нив сè уште останаа во зградата и продолжува нивното спасување.
Причината за пожарот сè уште не е позната. ми/
фото: Икс