Најмалку девет луѓе загинаа при експлозија во полициска станица во Кашмир (ДПЛ)
- Бројот на загинати во синоќешната експлозија во полициска станица во индиски дел на Кашмир се искачи на девет, а 32 се повредени. Инцидентот се случил по детонацијата на конфискувани експлозиви складирани во полициската станица
Њу Делхи, 15 ноември 2025 (МИА) – Бројот на загинати во синоќешната експлозија во полициска станица во индиски дел на Кашмир се искачи на девет, а 32 се повредени. Инцидентот се случил по детонацијата на конфискувани експлозиви складирани во полициската станица.
Локалната полиција соопшти дека експлозијата во полициската станица во градот Срингар е несреќен случај и ја исклучи можноста за напад. Несреќата се случи додека полицајци и форензичари го испитувале експлозивот.
Инцидентот се случи четири дена по смртоносната експлозија на автомобил-бомба во Њу Делхи, при што загинаа најмалку осум лица. Индиските власти нападот го класифицираа како терористички чин. ми/
фото: МИА архива