• понеделник, 23 декември 2024

Најмалку двајца загинаа во руските напади врз Херсон во Украина

Најмалку двајца загинаа во руските напади врз Херсон во Украина

Киев, 21 септември 2023 година (МИА) - Најмалку две лица загинаа, а пет се повредени во руските напади врз градот Херсон во јужна Украина, изјави утринава гувернерот Олександр Прокудин.

-Во овој момент имаме информации дека двајца цивили загинале, напиша гувернерот на регионот Херсон на Телеграм.

Тој додаде дека четири лица се префрлени во болница, а на еден повреден цивил му била укажана помош на лице место. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан