Најладно во Берово, најтопло во Виница
- Утрово со нула степени времето било најстудено во Берово, а најтопло со 10 степени во Виница.
Скопје, 27 октомври 2022 (МИА) - Утрово со нула степени времето било најстудено во Берово, а најтопло со 10 степени во Виница.
Како што информираа од УХМР, два степени се измерени во Битола, три во Лазарополе, четири степени во Тетово, Скопје-Петровец, Маврови Анови и Попова Шапка, пет во Прилеп, шест во Крива Паланка, Демир Капија и Дебар, седум во Струмица, Охрид, Претор, осум степени во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Куманово, Гевгелија и Крушево.
Во текот на ноќта времето беше ведро, утрово е сончево со мала, а на југоистокот со умерена локална облачност. Дува слаб ветер претежно од северен правец.
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.
Во Скопје сончево со слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 23 степени. цр/дма/