Презентација на публикација „Учество на жените од заедниците во политичкиот и јавниот живот“
- Во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска ќе биде презентирана публикацијата „Учество на жените од заедниците во политичкиот и јавниот живот во Северна Македонија“.
Скопје, 27 ноември 2024 (МИА) - Во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска ќе биде презентирана публикацијата „Учество на жените од заедниците во политичкиот и јавниот живот во Северна Македонија“.
Како што е најавено, на презентацијата ќе се обратат в.д. шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Сузан Пенкса и заменик-претседателката на Собранието на Северна Македонија Весна Бендевска.
Ова истражување нуди сеопфатно испитување на политичкото учество на жените од немнозинските заедници во Северна Македонија, истакнувајќи ги повеќе аспектните нееднаквости со кои се соочуваат жените од заедниците при нивните обиди да се вклучат во политичкиот и јавниот живот. Истражувањето ќе биде достапно на англиски, македонски, албански, босански, ромски, српски, турски и влашки јазик.
Ќе се одржи и панел „Двојните предизвици со кои се соочуваат жените од немнозинските заедници: Како да се постигне поголемо учество во политиката?“ со политичарки од немнозинските заедници. мд/лв/
Фото: МИА архива