Чистење на резервоарот Рашче, без вода Рашче, Копаница и Бојане
- Чистење на резервоарот на вода во селото Рашче ќе се врши денеска поради што без вода ќе бидат населените места Рашче, Копаница и Бојане. Од „Водовод и канализација“ информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 до 13 часот.
Скопје, 9 ноември 2025 (МИА) - Чистење на резервоарот на вода во селото Рашче ќе се врши денеска поради што без вода ќе бидат населените места Рашче, Копаница и Бојане.
Од „Водовод и канализација“ информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 до 13 часот.
Исто така, поради водоводен приклучок на улицата „Христо Смирненски 13“ од 9 часот до завршување на интервенцијата без вода ќе бидат корисниците на дел од истата улица, поточно на потегот од Зур - Маркет до бул. Партизански Одреди во општина Центар. бак/вг/
Фото: МИА архива