Светска банка ќе го презентира полугодишниот економски извештај за земјите од Западен Балкан
- Светска банка организира презентација на 26-то издание од серијата на извештаи за економската состојба во земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија), насловено „Задржување на моментот на раст“.

Скопје, 17 октомври 2024 (МИА) - Светска банка организира презентација на 26-то издание од серијата на извештаи за економската состојба во земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија), насловено „Задржување на моментот на раст“.
Како што информираат од Канцеларијата на Светската банка во Скопје, Извештајот ќе го претстават Сања Маџаревиќ-Шујстер, виш економист и Јоана Маџоска, економист при Светска банка. сст/са/
фото МИА архива