Финален настан на едукативните работилници „Имам став“
- Во Собранието денеска ќе се одржи Финалниот настан на едукативните работилници „Имам став“.

Скопје, 19 декември 2024 (МИА) - Во Собранието денеска ќе се одржи Финалниот настан на едукативните работилници „Имам став“.
Како што информираат од собраниската прес-служба, ученици од средните училишта СОУ „Раде Јовчевски – Корчагин“ и СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ од Скопје и од „СОУ Славчо Стојменски“ од Штип ќе се натпреваруваат во финалето на едукативните работилници „Имам став“.
Финалето се одржа во периодот октомври – ноември 2024 година, а на кои учествуваа девет средни училишта од неколку градови во земјата.фф/са/
Фото: Парламентарен институт на Собрание