• петок, 05 декември 2025

Средба на Славески со раководството на Стопанската комора

Средба на Славески со раководството на Стопанската комора

Скопје, 22 јули 20225 (МИА) – Гувернерот на Народна банка Трајко Славески, денеска ќе оствари средба со раководството на Стопанската комора предводена од претседателот Бранко Азески.

Како што информираат од Стопанската комора, ова ќе биде прва средба на Славески со претставниците на најстарата и најбројна бизнис асоцијација, откако тој беше назначен за гувернер на Народната банка. Централна тема на разговорот, велат, ќе бидат макроекономските политики во функција на развојот на македонската економија.

– Со реализирање на работната средба во Комората, практично се потврдува воспоставената пракса, секој нов гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија првиот настап да го има на адресата на СКСМ, Димитрие Чуповски, стои во соопштението.

Работната средба ќе се одржи во сала 4 во Стопанската комора. ра/са/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан