• четврток, 22 февруари 2024

Спасовски, Николовски и Костадиновска-Стојчевска во посета на Битола

Спасовски, Николовски и Костадиновска-Стојчевска во посета на Битола

Скопје, 25 ноември 2023 (МИА) - Министрите за внатрешни работи, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за култура Оливер Спасовски, Љупчо Николовски и Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ќе бидат во посета на Општина Битола.

Тие, како што е најавено, ќе имаат средба со корисници на средства преку годишната Програма за поддршка на проекти од национален интерес во културата и преку конкурсот „Цртај на македонски“ во галеријата „Магаза“. 

По ова, владината делегација ќе се упати кон Секторот за внатрешни работи (СВР) – Битола каде ќе се обрати министерот за внатрешни работи, а работната посета ќе заврши во селото Кажани каде министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе оствари средба со корисник на ИПАРД Програмата, Флора Фреш. мд/бак/

Фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан