• петок, 05 декември 2025

Сојузот на спортови на Скопје ќе ги додели традиционалните награди „13 Ноември“

Сојузот на спортови на Скопје ќе ги додели традиционалните награди „13 Ноември“

Скопје, 12 ноември 2025 (МИА) – Во чест на Денот на ослободувањето на градот, Сојузот на спортови на Скопје ќе ги додели наградите „13 Ноември“.

Свеченоста ќе се одржи денеска со почеток во 12 часот во конференциската сала на Спортскиот центар „Јане Сандански“.

Наградата „13 Ноември“ се доделува од 1970 година и претставува признание за поединци, спортски клубови, тренери и организации кои со своите постигнувања и посветеност оставиле значаен придонес за развојот на спортот во Скопје.ар/
Фото:Лого

Остани поврзан