• вторник, 21 мај 2024

Сончево со локални врнежи дожд

Сончево со локални врнежи дожд

Скопје, 22 април 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.

Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во вторник под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со ретки грмежи и засилен ветер. Потоа во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд со слаб, а во четврток наместа со умерен интензитет. нд/бак/

Остани поврзан