• недела, 11 август 2024

Сончево и топло со слаб до умерен ветер

Сончево и топло со слаб до умерен ветер

Скопје, 11 август 2024 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб, а долж Повардарието и во источните делови повремено умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 38 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во наредните денови ќе преовладува сончево и многу топло време, особено во почетокот на следната седмица кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Максималната температура наместа ќе надминува 40 степени. Од среда попладне, а особено во четврток ќе се зголемуваат условите за појава на пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме.вј/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан