• понеделник, 17 јуни 2024

Сончево и многу топло, попладне наместа дожд и грмежи

Сончево и многу топло, попладне наместа дожд и грмежи

Скопје, 10 јуни 2024 (МИА) - Сончево и многу топло ќе биде денеска времето. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност ќе биде и во главниот град на државата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура во Скопје ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Синоптичарите најавуваат многу топло време до среда. Дневната температура ќе биде над 30 степени, а наместа ќе достигнува и до 40 степени. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. бд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан