• недела, 14 јули 2024

Почнува графичка колонија во организација на тетовскиот Центар за култура

Почнува графичка колонија во организација на тетовскиот Центар за култура

Тетово, 17 јуни 2024 (МИА) - Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ од Тетово е домаќин на првата графичка колонија во рамки на својата годишна програма. Од денеска во наредните четири дена дваесетина графичари ќе творат во Центарот, а својата работа ќе ја претстават пред тетовската публика на пригодна изложба.

-Имаме една работилница, а потоа сите графики ќе се печатот тука во овие простории на Центарот,  со овие услови и што ги имаме и што се на ниво мислам. Тоа што е најпотребно за сите графичари ја имаме графичка преса, боите, хартијата, тоа најважно за нас графичарите, изјави Бехар Ферати, графичар од Тетово.

Графичката колонија има и меѓународен карактер. Во Тетово освен македонските претставници ќе дојдат или ќе испратат дела и графичари од Србија, Косово, Бугарија и Полска.

-Мене ме радува што Тетово каде што има Факултет за уметности ќе има графичка колонија и изложба. Се надевам дека ќе биде традиционална, секоја година, едноставно графиката да живее. Има проблем со графиката низ светот. Ние треба да бидеме тие кои ќе придонесат да ја има графиката на овие простори, изјави Трајче Блажевски, учесник на колонијата.

Изложбата на графики во Центарот за култура ќе биде на 21 јуни,сабота. ас/цр

Фото: МИА

Остани поврзан