Санирање уличен дефект кај Скопска Пивара
- Од ЈП Водовод и канализација - Скопје информираат дека денеска ќе се санира дефект ф- 500 мм на улица „808“ бб, кај Скопска Пивара.

Скопје, 1 април 2023 (МИА) - Од ЈП Водовод и канализација - Скопје информираат дека денеска ќе се санира дефект ф- 500 мм на улица „808“ бб, кај Скопска Пивара.
Санацијата, како што е посочено во соопштението, е предвидено да биде без запирање на водата, но доколку има компликации, можен е прекин во водоснабдувањето во дел од населбите Автокоманда, Ченто, Стајковци, Инџиково, Маџари, Хиподром и Трубарево.
-Со санација ќе се започне во 20:00 часот до завршување со работните активности, велат од ЈП Водовод и канализација - Скопје. дма/са/
Фото. МИА архива