Раководството на Комората на Северозападна Македонија на средба со кандидатот за градоначалник на Гостивар, Висар Адеми
- Раководството на Стопанската комора на Северозападна Македонија денеска ќе оставри средба со независниот кандидат за градоначалник на Гостивар, Висар Адеми.
Скопје, 16 октомври 2025 (МИА) - Раководството на Стопанската комора на Северозападна Македонија денеска ќе оставри средба со независниот кандидат за градоначалник на Гостивар, Висар Адеми.
Средбата е дел од традиционалните состаноци што Комората ги има со политичките субјекти пред секои избори со цел да ја претстави својата платформа за локален економски развој пред раководствата на партиите и кандидатите за градоначалници.
Средбата ќе се одржи во просториите на Комората, а најавени се и изјави на претседателот на Комората Нухи Алиу и независниот кандидат за градоначалник Висар Адеми. бак/ац/
Фото: МИА архива