• вторник, 14 мај 2024

Промоција на романот „Среќните луѓе не слават родендени“ од Сашо Кокаланов

Промоција на романот „Среќните луѓе не слават родендени“ од Сашо Кокаланов

Скопје, 12 јануари 2024 (МИА) -  Промоција на романот „Среќните луѓе не слават родендени“ од Сашо Кокаланов ќе се одржи вечер на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

За романот ќе зборуваат Сашко Насев и Стојан Синадинов.

Романот „Среќните луѓе не слават родендени“ е семејна драма за едно сиромашно семејство од Дримкол, инспирирана од вистинска приказна и претставува краток, згуснат книжевен запис кој на очигледен и нескриен начин кокетира со еден сосема поинаков јазик од книжевниот – филмскиот.

Сашо Кокаланов е писател, сценарист, драмски писател, сатиричар, новинар. Работи како професор по филмско и телевизиско сценарио на ФДУ во Скопје.

„Среќните луѓе не слават родендени“ е негов шести роман, а е објавен во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа Или-Или.

Во рамките на оваа вечер ќе биде претставен и бугарскиот издавач и книжевен критичар, Пламен Тотев. дма/ев/

 

Остани поврзан