Промоција на изданија за полициско работење во рамки на проект меѓу БЈБ и Шведска
- Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев денеска ќе учествува на промоција на документите „Национален концепт за полициско работење во заедницата“ и „Национален прирачник за полициско работење во заедницата“ изготвени во рамки на билатерален проект со Кралството Шведска.

Скопје, 30 мај 2025 (МИА) - Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев денеска ќе учествува на промоција на документите „Национален концепт за полициско работење во заедницата“ и „Национален прирачник за полициско работење во заедницата“ изготвени во рамки на билатерален проект со Кралството Шведска.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, предвидено е на настанот да се обратат директорот на БЈБ Јанев и заменик шефот на Мисијата при Амбсадата на Шведска во нашата земја, Елизабет Далберг. хс/
Фото: МИА архива