Промоција на збирката раскази „Петкамен“ од Нина Насеска
- Во неа доминираат меланхолијата и носталгијата по напуштениот дом, по загубеното детство и детските игри, по починатите блиски, по сето она што можело да биде ако не сме донеле извесни погрешни животни одлуки... но и приказни во кои се чувствува љубовта и семејната топлина, и надеж каква што само децата можат да ветат.
Скопје, 14 март 2024 (МИА) – Во Галерија „Империјал 2“ вечер же биде промовирана збирката раскази „Петкамен“ од Нина Насеска.
Промоторката Јулијана Величковска за збирката раскази вели дека во неа доминираат меланхолијата и носталгијата по напуштениот дом, по загубеното детство и детските игри, по починатите блиски, по сето она што можело да биде ако не сме донеле извесни погрешни животни одлуки... но и приказни во кои се чувствува љубовта и семејната топлина, и надеж каква што само децата можат да ветат.
Нина Насеска (2002, Прилеп) студира на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Авторка е на збирката поезија и проза „Мозаик од доживувања“ (2014), романот за деца „Авантурите на Ела Вилсон“ (2018) и најновото дело „Петкамен“, збрка раскази (2023).
Има учествувано на неколку литературни читања, добитник е на повеќе книжевни награди и признанија, а нејзини раскази се објавени во списанијата „Современост“, „Стремеж“ и „Репер“. ар/са/
Фото: Културно информативен центар Скопје