Презентација на резултатите од проектот „Одржлив и инклузивен развој“ во Отешево
- Во Отешево денеска ќе бидат презентирани резултатите од инфраструктурната поддршка за подобрување на здравствените услуги. Ќе бидат промовирани достигнувањата за подобрување на здравствените услуги и создавањето на услови за рехабилитација на ранливи категории граѓани и пост-ковид пациенти, кои се овозможени во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен развој“, што го реализираше Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија.
Скопје, 10 октомври 2024 (МИА) - Во Отешево денеска ќе бидат презентирани резултатите од инфраструктурната поддршка за подобрување на здравствените услуги. Ќе бидат промовирани достигнувањата за подобрување на здравствените услуги и создавањето на услови за рехабилитација на ранливи категории граѓани и пост-ковид пациенти, кои се овозможени во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен развој“, што го реализираше Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија.
На презентацијата во Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на респираторни заболувања во Отешево, како што најави Министерството за локална самоуправа, ќе присуствуваат министерот Златко Перински, амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман, градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски и директорите на болницата Благоја Китановски и на Центарот за развој на Пелагониски плански регион, Јосиф Балтов. са/бак/
Фото: МИА архива