• четврток, 02 мај 2024

По котлините магла, попладне локални врнежи од дожд, на планините снег

По котлините магла, попладне локални врнежи од дожд, на планините снег

Скопје, 5 декември 2023 (МИА) - По котлините денеска претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во Скопје, времето претпладне со појава на магла и ниска облачност, а попладне и во текот на ноќта ќе има услови за повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Од УХМР информираат дека од денеска попладне до четврток ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток во попладневните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места.

Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури. цр/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан