• понеделник, 04 март 2024

„Поткровје“ - премиера на Македонскиот народен театар

„Поткровје“ - премиера на Македонскиот народен театар

Скопје, 9 декември 2023 (МИА) - На малата сцена во Македонскиот народен театар вечер од 20 часот  премиерно ќе биде изведена претставата „Поткровје“ според делото „Цената“ на Артур Милер, во режија на Александар Ивановски.

-„Поткровје“ е претстава која ја истражува цената на одлуките, одговорноста која ја имаме кон себе и кон семејството и вината со која живееме поради изборите што сме ги направиле. Според режисерот Ивановски, се е прашање на гледна точка, и ако не можете да ја разберете гледната точка, тогаш невозможно е да ја разберете цената, соопшти МНТ.

Во претставата учествуваат актерите: Томислав Давидовски, Елена Кузманов, Горан Ников и Хари Михајловски. Сценограф е Ненад Тонкин, автор на дизајнот на плакатот е Тео К. Атанасовски, автор на преводот - Марио Стојаноски.

По вечерашната премиера, следната изведба на новата претстава МНТ ја најавува за јануари 2024. хс/дма/

Фото: МНТ

Остани поврзан