• понеделник, 06 мај 2024

Осветување на новиот крст во Драчево

Осветување на новиот крст во Драчево

Скопје, 28 април 2024 (МИА) - На верскиот празник Цветници, денеска, во 12 часот, ќе биде осветен крстот во Драчево, поставен од Општина Кисела Вода во соработка со Светскиот Македонски Конгрес.

Осветувањето на крстот ќе го изврши поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.

Пред чинот на осветувањето, ќе настапат пејачите Огнен Здравковски, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски, како и мешаниот камерен хор „Свети Климент Охридски”. ир/ев/

Фото: Општина Кисела Вода

Остани поврзан