• понеделник, 15 април 2024

Облачно со повремени врнежи од дожд

Облачно со повремени врнежи од дожд

Скопје, 25 февруари 2024 (МИА) - Времето денеска во земјава ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, особено во јужните делови каде што ќе имаат поројни. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од три до девет, а максималните од 10 до 16 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштат до седум, а максималните ќе достигнат до 15 степени.

До среда времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со умерен ветер од јужен правец. Во среда кон крајот на денот и во четврток се очекуваат нови врнежи од дожд. фф/бак/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан