• петок, 05 декември 2025

Меѓународна конференција „Економски и бизнис трендови што ја обликуваат иднината“

Меѓународна конференција „Економски и бизнис трендови што ја обликуваат иднината“

Скопје, 13 ноември 2025 (МИА) - Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска и утре е домаќин на Шестата меѓународна научна конференција „Економски и бизнис трендови што ја обликуваат иднината“ (EBTSF-25).

Конференцијата ќе ги обедини истражувачите и експертите од областа на економијата и бизнисот, со цел размена на современи научни сознанија и искуства.

Меѓу главните говорници, како што најавија организаторите, се проф. Келд Лаурсен од Копенхагенската бизнис школа во Данска, кој ќе говори на тема „Што ги прави универзитетите економски корисни - и што значи тоа за економиите во развој“, и  и проф. Тарек Ф. Расул од Заливскиот универзитет за наука и технологија (GUST) во Кувајт, кој ќе зборува на тема „Совладување на уметноста на систематските прегледи на литературата“.

EBTSF-25 претставува водечка академска платформа која ја поттикнува регионалната и меѓународната научна соработка и придонесува за унапредување на економската мисла и деловната практика. Оваа конференција е дел од активностите со кои Економски факултет – Скопје го одбележува јубилејот – 75 години од основањето.са/

Фото: принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан