• сабота, 13 јули 2024

Концерт на меѓународниот камерен оркестар „Кампаниа“ од Италија

Концерт на меѓународниот камерен оркестар „Кампаниа“ од Италија

Скопје, 3 октомври 2023 (МИА)  - Во Музејот на македонската борба во Скопје вечер концерт ќе одржи меѓународниот камерен оркестар „Кампаниа“ од Италија.

Во оркестарот учествуваат и млади македонски музичари кои се членови на камерниот оркестар „Скопски солисти“.

Концертот во Скопје доаѓа по турнејата во Романија, а според најавите концерти ќе одржат и во Бугарија, Грција и Албанија.

Македонските музичари заедно со овој оркестар во август настапуваа и на турнејата во Италија.

Концертот во Скопје се реализира во соработка со „Скопски солисти“ и меѓународниот фестивал „Класика“ во Струмица. дма/лв/

Фото: плакат

Остани поврзан