Концерт на квартетот „Полихимнија“ во КИЦ Истанбул
- На концертот во Истанбул ќе биде изведена програма која ги спојува барокните дела на Corelli и Vivaldi, лиричните композиции на Johow, емоционалната длабочина на Shostakovich, филмската музика на Joe Hisaishi, како и македонскиот современ автор Ermalj Mehmedi.
Скопје, 12 ноември 2025 (МИА) - Квартетот „Полихимнија“, составен од професорки од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ денеска ќе настапи во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Истанбул.
Ансамблот, формиран во 2017 година, го сочинуваат Николина Ефтимова (флејта), Риана Рамиз (виолина), Маре Бадарева (виолончело) и Вирица Шотаровска (пијано).
На концертот во Истанбул ќе биде изведена програма која ги спојува барокните дела на Corelli и Vivaldi, лиричните композиции на Johow, емоционалната длабочина на Shostakovich, филмската музика на Joe Hisaishi, како и македонскиот современ автор Ermalj Mehmedi.
Настанот ќе биде заокружен со изведба на познатото „Flower Duet“ од операта Lakmé.ар/бк/
Фото:Полихимнија