• среда, 29 ноември 2023

Во Новаци ќе биде отворена фотоволтаична централа, нова домашна инвестиција

Во Новаци ќе биде отворена фотоволтаична централа, нова домашна инвестиција

Скопје, 29 септември 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе се обрати на свеченото отворање на фотоволтаична централа „ФЕЦ Новаци”, нова домашна инвестиција, во Општина Новаци.  

Како што најавија од владината прес-служба, на настанот ќе присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори Фамир Битиќи, министерите за економија и за транспорт и врски, Крешник Бектеши и Благој Бочварски.

Новата  фотоволтаичната централа од 55 MW во Новаци е на компанијата „Меј Енерџи“.

Министерот Бектеши ќе ја посети и компанијата „БиМилк“ во Битола, каде ќе оствари средба со менаџментот и ќе направи обиколка на производствените капацитети. цр/лв/

Фото:МИА архива

 

Остани поврзан