• вторник, 21 јануари 2025

Изложба на Јана Манева-Чупоска во Истанбул

Изложба на Јана Манева-Чупоска во Истанбул

Скопје, 27 ноември 2024 (МИА) - Сликарката Јана Манева-Чупоска изложува цртежи од циклусот „Љубовници во пандемија“ во Македонскиот центар во Истанбул. Изложбата се состои од триесетина дела, цртежи и колажи изработени во комбинирана техника молив, јаглен, акрил и темпера и еден диптих во поголем формат изработен во техника акрил.

- Насловот има алегорична конотација и алудира на надежта и потребата на човекот кон подобро утре. Преку фигуративните композициски ликовни претстави, колажни експерименти авторката Јана Манева – Чупоска ја пренесува нејзината психолошка и емотивна состојба во време на корона кризата, но и покрај официјалното завршување на вирусот кај човекот остави длабоки психолошки траги на страв и несигурност, соопшти Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).

Изложбата е финансирана од Министерството за култура и туризам како изложба од национален интерес за 2024 година. мд/лв/

Фото: ДЛУМ 

 

 

Остани поврзан