• четврток, 26 декември 2024

Изложба на уметничка фотографија на Емилија Трајковска

Изложба на уметничка фотографија на Емилија Трајковска

Скопје, 14 декември 2024 (МИА) - Во рамки на проектот „Урбана Агенда“ вечерва во МКЦ-Битола ќе биде отворена изложбата на уметничка фотографија на Емилија Трајковска.

Позната по своите црно-бели фотографии, Емилија Трајковска е фотограф кој не само што го овековечува моментот, туку и го трансформира во една визуелна нарација. Специјализирана во црно-белата фотографија, нејзиниот објектив најчесто ги „заробува“ емоциите на музичката сцена. Нејзина специјалност се фотографиите од бендови, уловени во живо, каде што енергијата на изведбата се пренесува низ играта на светлината и сенките. Таа е раскажувач кој преку своите дела ја документира трансформацијата на музичката сцена. Низ нејзините дела, сцената станува канвас, светлината - боја, а музичарите - субјекти на едно подлабоко, емотивно истражување.

Црно-белото е јазик на минимализам што овозможува максимална експресивност. Нејзината црно-бела фотографија е повеќе од отсуство на боја, тоа е алатка која и помага да се фокусира на суштината - емоцијата и структурата. Преку експресијата на лицата и интимните моменти меѓу музичарите и публиката, создава динамични композиции каде што секоја сенка и светлосен зрак без зборови раскажуваат за еуфоријата на концертот, екстатичните извици на публиката и за страста и ранливоста на музичарите“.

Проектот „Урбана Агенда“ - поддршка на независната културна сцена е финансиран од Швајцарската амбасада во Скопје. фф/нд/

Фото: Младински културен центар - Битола

Остани поврзан