• сабота, 24 февруари 2024

Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“

Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“

Скопје, 8 декември 2023 (МИА) - Во Собранието денеска ќе биде доделена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2023 година.

Државната награда „Св. Климент Охридски“ за остварување во областа на воспитанието и образованието ќе и биде доделена на проф. д-р Рабије Мурати, универзитетски професор, а за остварување во областа на културата и уметноста на филмскиот режисер Антонио Митриќески.

Државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2023 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија.фф/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан