• петок, 05 декември 2025

Дел од општините Аеродром и Центар без вода

Дел од општините Аеродром и Центар без вода

Скопје, 12 септември 2025 (МИА) - Без вода денеска од 8:00 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците „Пандил Шишков“ висока зона, од број 1 до број 49, „Вангел Тодоровски“, „Руди Чаевац“ и Коста Новаковиќ“ во општина Аеродром. 

Како што информира РЦУК - Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок на улица „Пандил Шишков“ број 9. 

Поради изведување водоводен приклучок на улица „Мирче Ацев“, денеска од 8:30 часот без вода ќе останат корисниците од булевар „Кочо Рацин“, од улиците „Славко Јаневски“ (по старо „Стив Наумов“), „Тетовска“, „Славе Георгиевски - Шнајдерот“ и дел од булеварот „Крушевска Република“.

Водоснабдувањето на двете локации ќе биде прекинато до санирање на дефектите. мд/са/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан