Делегација од Меѓупарламентарната група за пријателство Турција – Северна Македонија во посета на Македонија
- Делегација од Меѓупарламентарната група за пријателство Турција – Северна Македонија на Големото турско национално собрание, предводена од претседателот Ахмет Килич ќе престојува во посета на земјава.
Скопје, 24 јуни 2025 (МИА) - Делегација од Меѓупарламентарната група за пријателство Турција – Северна Македонија на Големото турско национално собрание, предводена од претседателот Ахмет Килич ќе престојува во посета на земјава.
Во рамки на посетата предвидено е Килич да има средба со Средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Предвидени се средби и со Бејџан Иљас, претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Турција и членовите на групата, како и Муса Џафери, претседател на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија и членовите. сст/са/
Фото МИА архива