Годишна конференција за локална самоуправа и децентрализација
- „Визија за реформи за одржлив развој и достапни услуги за граѓаните“ е темата на годишната конференција за локална самоуправа и децентрализација што ќе се одржи денеска во организација на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Скопје, 11 декември 2025 (МИА) - „Визија за реформи за одржлив развој и достапни услуги за граѓаните“ е темата на годишната конференција за локална самоуправа и децентрализација што ќе се одржи денеска во организација на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Најавени се воведни обраќања на министерот за локална самоуправа Златко Перински, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ, амбасадорот на Швајцарија Кристоф Зомер, амбасадорот на Шведска, Ола Сулстром и заменичката на постојаниот претставник на УНДП, Ана Чернишова.
Според програмата, ќе има две сесии: „Видици за унапредена децентрализација и локално управување“ и „Надградба на локалниот развој преку иновативни и квалитетни услуги за граѓаните“.
Седмата конференција за децентрализација се одржува со поддршка на Швајцарската влада. мч/са/
фото: МИА