• вторник, 27 февруари 2024

Годишен концерт на Факултетот за музичка уметност

Годишен концерт на Факултетот за музичка уметност

Скопје, 6 декември 2023 (МИА) -  По повод Денот на Факултетот за музичка уметност, во Филхармонијата вечер од 20 часот ќе се одржи традиционалниот годишен свечен концерт на кој ќе настапат студенти од сите студиски насоки на ФМУ.  Тие ќе изведат дела од Шуплевски, Перт, Прокофјев, Глазунов, Пјацола, Даутовски и Костов.

-Концертот претставува една од централните воннаставни активности на факултетот, содржи стилски и жанровски богата програма изведена од студентите од речиси сите образновни профили, соопшти ФМУ за концертот за кој влезот е слободен. 

Ќе учествуваат мешаниот хор при ФМУ „Драган Шуплевски", симфонискиот оркестар на ФМУ, камерниот оркестар „Солисти на ФМУ", студенти од одделите за народни инструменти и за популарни жанрови, од класите на професорите: Драган Даутовски, Сашо Татарчевски, Борјан Цанев, Кирил Туфекчиевски, Иван Иванов, Андријана Јаневска, Гордан Спасовски, Зоран Костадиновски. хс/са/ 

Фото: ФМУ

Остани поврзан