• сабота, 27 јули 2024

Второ издание на „Клинци“ на „Култура Бета“

Второ издание на „Клинци“ на „Култура Бета“

Скопје, 1 март 2024 (МИА) - Неформалната организација за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ по вторпат го организира настанот за млади „Клинци“ каде што ќе се претстават четворица млади автори и ќе биде поставена изложба на младиот уметник Бојан Звездаковски.

На настанот што ќе се одржи во „Europe House“ со почеток од 20 часот ќе учествуваат младите автори Викторија Ангеловска, Драгана Стојадиновска, Дамјан Златановски и Софија Тодороска. Тие ќе се претстават со своја поезија и проза.

„Клинци“ има за цел да даде фокус на младите книжевници и ликовни уметници и да отвори можност тие пошироко да се претстават пред публиката со своето творештво. ар/са/
Фото: Култура Бета

Остани поврзан