• сабота, 21 март 2026

Мандолинскиот оркестар „Скопје“ специјален гостин на меѓународен фестивал во Холандија

Мандолинскиот оркестар „Скопје“ специјален гостин на меѓународен фестивал во Холандија

Скопје, 21 март 2026 (МИА) - Мандолинскиот оркестар „Скопје“ под диригентска палка на Рамадан и Ерхан Шукри ќе учествува на меѓународниот фестивал во Стеин, Холандија.

Фестивалот се одржува денеска и утре, а Мандолинскиот оркестар е најавен како специјален гостин на фестивалот и ќе одржи два концерти. 

Учеството на овој фестивал е поддржано од Министерството за култура. ев/ац/

Фото: Мандолински оркестар „Скопје“ 

Остани поврзан