• недела, 22 декември 2024

Во Собранието ќе заседаваат две комисии

Во Собранието ќе заседаваат две комисии

Скопје, 5 декември 2024 (МИА) - Во Собранието денеска седница ќе одржат две комисии - Комисијата за прашања на изборите и именувањата и Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика.

Членовите Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе дискутираат по Разгледувањето барања за остварување на плата по престанок на функцијата член на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, Разгледувањето барања за остварување на плата по престанок на функцијата член на Државната комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, Разгледувањето барања за остварување на отпремнина при заминување во пензија од поранешни членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

на дневе ред на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, во прво читање. фф/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан