Министерството за социјална политика, демографија и млади прва јавна институција со веб-страница достапна за лицата со попреченост
- Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека стана првата јавна институција која има целосно пристапна веб-страница за лицата со попреченост, во согласност со Европската директива EN 301 549 и стандардите WCAG 2.1.
Скопје, 9 јуни 2025 (МИА) - Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека стана првата јавна институција која има целосно пристапна веб-страница за лицата со попреченост, во согласност со Европската директива EN 301 549 и стандардите WCAG 2.1.
- Ова претставува историски чекор кон дигиталната инклузија и еднаквост. Со поддршка на тимот од AccessWay, овозможивме веб- страницата на министерството да стане достапна за сите корисници, вклучително и за лицата со визуелна, моторна или когнитивна попреченост. Ова исклучително достигнување испраќа силна порака - Инклузијата започнува од пристапот!, се вели во соопштението.

Министерството ги повикува сите јавни институции да го следат нивниот пример.
- Заедно можеме да изградиме општество и иднина што ќе биде поправична, поеднаква и поинклузивна за сите. Посетете ја: www.mtsp.gov.mk, се наведува во соопштението. мд/дма/
Фото: Министерство за социјална политика, демографија и млади