Во Македонскиот КИЦ во Софија претставување на литературните опуси на Јакимовска-Тошиќ и Аврамовска
- Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија денеска ќе се одржи настанот „Литературни портрети и претставување на книгите: „Културното наследство и вредностните канони“ од Маја Јакимовска-Тошиќ и „Книжевни Паметници“ од Наташа Аврамовска“.
Скопје, 11 декември 2025 (МИА) - Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија денеска ќе се одржи настанот „Литературни портрети и претставување на книгите: „Културното наследство и вредностните канони“ од Маја Јакимовска-Тошиќ и „Книжевни Паметници“ од Наташа Аврамовска“.
На настанот ќе бидат претставени литературните опуси на двете авторки, ќе бидат споделени искуствата и знаењата од областа македонската литература и култура и нивниот принос во тие области. мч/са/
фото: Македонски културно-информативен центар во Софија