„Браво Сине“ ќе промовира четири нови современи бајки од млади автори и илустратори
- Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине“ денеска ќе промовира четири нови современи бајки од млади автори и илустратори.

Скопје, 12 мај 2023 (МИА) - Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине“ денеска ќе промовира четири нови современи бајки од млади автори и илустратори.
Станува збор за „Океанија“ од авторот Мартин Миљев и илустрирана од Орце Нинески, „Луѓето и змејовите“ од авторот Владо Јаневски со илустрации од Ем Елефантски, „Детето на месечината“ од авторката Јана Глигороска со илустрации на Јована Велинова-Трајанова и бајката „Зелда и Фе и болниот змеј“, чиј автор на текстот и илустрациите е Катерина Трајановска.
Издавач на современите бајки е издавачката куќа „Арс Ламина“, а со овој настан „Браво сине“ ќе одбележи десет години од своето постоење. мч/са/