• четврток, 29 август 2024

Без струја дел од Карпош и Бутел, без вода дел од Општина Центар

Без струја дел од Карпош и Бутел, без вода дел од Општина Центар

Скопје, 29 август 2024 (МИА) - Без вода денеска од 9:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Козара“, општина Центар. 

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок ф-80 милиметри на улица „Козара“ бр.26. Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.

Без струја денеска од 8:00 до 11:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Осло“, а од 10:30 до 14:00 часот дел од корисниците од улицата „Будимпештанска“ во општина Карпош.

Во периодот од 8:00 до 11:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од стопанската зона во населбата Визбегово, поточно објектите во околината на фирмата „Полиестердеј“ во Општина Бутел.

Како што соопшти РЦУК, прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведување планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД. мд/са/

Фото: МИА архива 

 

 

 

 

Остани поврзан