• петок, 23 август 2024

Без струја делови од Гази Баба, Сарај, Арачиново и Илинден

Без струја делови од Гази Баба, Сарај, Арачиново и Илинден

Скопје, 23 август 2024 (МИА) - Дел од корисниците од населба Железара во општина Гази Баба и  објектите околу градинката, од 8 до 12 часот денеска ќе немаат електрична енергија. 

Како што информира РЦУК по известување добиено од ЕВН Македонија АД, од 8 до 9 часот утрово струја ќе немаат дел од корисници од село Крушопек во општина Сарај, од 9:30 до 10 часот корисниците од село Арачиново во општина Арачиново и во истиот период (9:30 до 10:00) и корисниците од селата Брњарци и 
Сингелиќ во општина Гази Баба.

Без електрична енергија денеска од 8:30 до 14 часот ќе бидат и корисниците од селата Дељадровци,
Текија и Миладиновци во општина Илинден. хс/бак/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан