Без вода објектот на Американската резиденција и дел од Центар
- Без вода денеска од 9 часот ќе останат дел од корисниците од улицата „Ацо Караманов“ како и објектот на Американската Резиденција во општина Центар.
Скопје, 5 ноември 2025 (МИА) - Без вода денеска од 9 часот ќе останат дел од корисниците од улицата „Ацо Караманов“ како и објектот на Американската резиденција во општина Центар.
Од Центарот за управување со кризи на Град Скопје соопштија дека прекинот со водоснабдување е поради дефект во шахта од ф - ¾ на улицата „Ацо Караманов“ бр. 10, и ќе трае се до отстранување на дефектот. бк/
фото: МИА