Без вода дел од општина Центар
- Без вода денеска од 8:30 часот ќе останат дел од корисниците од кеј „13 Ноември“.
Скопје, 22 август 2025 (МИА) - Без вода денеска од 8:30 часот ќе останат дел од корисниците од Кеј „13 Ноември“.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок ф-150 милиметри на плоштад „Македонија“ без број.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности. мд/ац/
Фото: МИА архива