Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
- По повод Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз денеска ќе сообраќа по неделен возен ред, соопштуваат од ЈСП Скопје.
Скопје, 1 мај 2025 (МИА) - По повод Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз денеска ќе сообраќа по неделен возен ред, соопштуваат од ЈСП Скопје.
Жичницата на Водно ќе работи со вообичаено работно време, а дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар со работно време од 8 до 14 часот.
Исто така, жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот.
Од јаното сообраќајно препријатие посочуваат дека работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичарницата во период мај – септември.фф/дма/
Фото: МИА Архива