Прекин во водоснабдувањето за корисниците на неколку улици во Карпош
- Корисниците на неколку улици во општина Карпош денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето од 09:00 часот, соопшти ЈП Водовод и Канализација.
Скопје, 30 октомври 2025 (МИА) - Корисниците на неколку улици во општина Карпош денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето од 09:00 часот, соопшти ЈП „Водовод и Канализација“ - Скопје.
Прекин во снабдувањето со вода ќе имаат корисниците на улиците „Софиска“, „Бриселска“, „Петар Драганов“, „Његошева“, „Копенхагенска“ и „Стокхолмска“.
Прекинот ќе биде поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. „Софиска“ 7 и ќе трае до завршување со работните активности.
Од вчера попладне во прекин е снабдувањето со вода за корисниците на ул. „Демирхисарска“ во општина Шуто Оризари, каде има уличен дефект, на чие отстарнување ќе се работи денеска.ац/са/
Фото: МИА архива